Според изјавата на портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова настанот се случил вчера околу 17:15 часот. Во гаснењето на пожарот на запален оџак во зграда во населбата Автокоманда на пожарникарот Џонов му се влошила здравствената состојба, при што паднал. Неговите колеги му ја дале потребната помош, но од страна на лекарите на Итнатата медицинска помош на местото на настанот е констатирана смрт.
И портпаролот на Клиничка Болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа од страна на екипа на Брзата помош е донесен починатиот, а лекарите само констатирале смрт. Од страна на јавен обвинител е наредено врз телото на починатиот да се изврши обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта на 57- годишниот штипски пожарникар Ѓорѓи Џонов, кој почина синоќа гаснејќи пожар.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.