Темелко побара обединување на Македонците во Албанија

Вториот конгрес на партијата на Македонците во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) заврши во саботата во Тирана со учество на 140 делегати од сите градови и рурални средини каде што живеат Македонци  во Албанија.На конгресот на кој присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана Веле Трпевски, потоа претставници на Семакедонскиот конгрес , Македонската Алијанса во Македонија, како и претставници на здруженијата на Македонци од Албанија, Бугарија, Грција и Македонија, едногласно повторно за претседател на партијата е избран Едмонд Темелко, кој воедно е и градоначалник на Пустец.Темелко партијата ќе ја раководи во наредните четири години, а избран е и нов комитет на партијата во кој членуваат делегати од сите делови на Албанија каде што живеат Македонци.Темелко на Конгресот, на кој присуствуваа и претставници на ОБСЕ, нагласи дека многу е важно Македонците да се обединат и политички. Тој побара особено обединување на претстојните парламентарни избори во Албанија, кои ќе се одржат во јуни годинава, на кои ќе учествува и МАЕИ.„Само обединети можеме да имаме наши претставници во албанското Собрание“ рече Темелко, додавајќи дека во законодавниот дом најдобро се бараат правата кои им следат на Македонците.Темелко го информираше конгресот и за напорите на партијата на Македонците во разговорите со властите во Тирана, но и со меѓународниот фактор да им се дадат на Македонците сите права кои им следат во Албанија во согласност со меѓународните конвенции, а кои во моментов ги немаат.Телата на партијата  на МАЕИ  Ќе одлучат со кого на претстојните парламентарни избори ќе коалицира.Пред четири години македонската партија коалицираше со Демократската партија на Сали Бериша, но сега барем според онаа што го тврдат партиски извори на Македонската Алијанса за Европска интеграција постојат повеќе можности партијата да коалицира со Социјалистите на Еди Рама.
МакфаксВториот конгрес на партијата на Македонците во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) заврши в

Пронајдете не на следниве мрежи: