Температурата падна за 30 степени! По топлотниот бран, Швајцарија ја зафатија обилни дождови и снег (ВИДЕО)

По топлотниот бран, Швајцарија сега е соочена со обилни дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, додека снег падна во повисоките делови на земјата. Во познатиот зимски центар Зермат, на надморска височина од 1.638 метри, падна снег.

Температурата падна за 30 степени! По топлотниот бран, Швајцарија ја зафатија обилни дождови и снег (ВИДЕО)
  • Температурата импресивно падна, во рок од четири дена. Во четвртокот термометарот на станицата покажа 31,2 степени. Денеска во 11:15 часот беше 0,5, објави метеоролошката служба MeteoSvise на платформата Х (поранешен Твитер).

Многу планински премини на Алпите, како Готард и Зимблон, останаа затворени и денеска, поради дождот што почна во петокот вечерта и предизвика кал. Поради лизгање на земјиштето во некои области е откажан железничкиот сообраќај.

Реката Рајна се излеа во долината низ која тече во Швајцарија, но засега нема опасност за населените места, јави швајцарската новинска агенција Keyston-ATS.

Обилни дождови има и во областите во Швајцарија каде што се зборува италијански, особено во кантонот Тичино. Дождот ќе продолжи да врне и утре, информираат од метеоролошката служба. Повторно ќе врне снег на планините, но тоа не е доволно за да се спасат швајцарските глечери.

Швајцарија и нејзиниот екосистем се особено погодени од климатските промени. Ситуацијата во глечерите се опишува како драматична, бидејќи меѓу 2021 и 2022 година изгубиле шест отсто од својот волумен.

Да потсетиме, невремето денеска ги зафати Италија, Словенија и Хрватска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.