Лина Ѓорческа дојде до својот 13-ти трофеј во кариерата, а прв годинава, откако во двојки попладнево со словенечката партнерка Вероника Ерјавец го освоија ИТФ-турнирот во Сплит.
Ѓорческа и Ерјавец во два сета за 63 минути, ја победија словенечко-хрватската комбинација Ника Радишиќ-Тара Вурт со 6-1, 6-4 и така македонската тенисерка дојде до прв трофеј во оваа 2023 година.
Таа лани го освои Хераклион, а во кариерата од 2012 година наваму освои 12 трофеи на ИТФ-турнирите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.