ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО ЕРУСАЛИМ: Загинаа најмалку три лица

Утрово се случил терористички напад на автобуска станица во Ерусалим, во кој животот го загубија најмалку три лица, а шестмина се ранети. Инцидентот се случил на влезот во градот, јавуваат медиумите.

Според информациите објавени во Jerusalem Post, меѓу жртвите има жена (24) и маж (73). На социјалните мрежи се појавија страшни снимки од нападот, на кои се гледа како напаѓачите излегуваат од возилата и отвораат оган врз луѓето на автобуската станица, додека случајните минувачи панично бегаат.

,,Што баравте, тоа добивте!” – Дмитриј Медведев објави видео од ударот на руската балистичка ракета (ВИДЕО)
Заменик претседателот на Советот за безбедност објави видео од рускиот напад со хиперсонични балистички ракети врз Украина.,,Она што го побаравте е она што го добивте”, напиша заменик-претседателот …
Зеленски: Украина работи на развој на нови видови ПВО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина работи на развој на нови видови противоздушна одбрана за да се спротивстави на, како што наведе, „новите ризици“ откако …

Според полициските извештаи, двајца терористи од источен Ерусалим во четвртокот наутро пристигнале на раскрсницата Гиват Шаул во близина на влезот во Ерусалим, користејќи М16 и пиштол и го започнале нападот пукајќи во цивили на блиската автобуска станица. Безбедносните сили успеале да ги неутрализираат двајцата напаѓачи, но за жал еден цивил го загубил животот на лице место.

Во меѓувреме, во Појасот Газа, убиени е тројца израелски заложници се убиени во израелското бомбардирање, тврди Хамас.

Станува збор за најмладиот заложник, 10-месечното момче Кфир Бибас, неговиот четиригодишен брат и нивната мајка. Израелската армија се уште не ги потврди овие наводи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.