Тесна победа на Мадуро, Каприљес не го признава поразот

Наследникот на Хуго Чавез, Николас Мадуро извојува тесна победа над кандидатот на опозицијата Енрике Каприљес, на претседателските избори кои се одржаа во неделата, соопшти Државната изборна комисија.

Мадуро освоил 50,66 отсто од гласовите на електоратот, додека за гувернерот на сојузната држава Миранда, Каприљес гласале 49,07 отсто од гласачите.  Државната изборна комисија на Венецуела соопштила дека се пребројани 99 отсто од гласовите и дека не може да има промена во изборните резултати. Мадуро освоил 235 илјади гласови повеќе од Каприљес, кој одбил да го признае поразот и побарал повторно пребројување на гласовите.
Makфакс
Наследникот на Хуго Чавез, Николас Мадуро извојува тесна победа над кандидатот на опозицијата

Пронајдете не на следниве мрежи: