Предлог што да подготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
400 г паста по избор
200 мл павлака за готвење
Сок од лимон
Сол и бибер
3 лажици пармезан
Босилек
4 лажици маслиново масло
20 г сушена сланина
200 г грашок
1 лажичка вегета
Магдонос
Начин на подготовка:
Исечкајте ја сланината на ситни коцки. Подгответе го сосот со босилек: исечкајте го лукот, додајте босилек, пармезан, маслиново масло и бибер и промешајте.
Сварете ги тестенините според упатството за употреба. Во поголема тава додајте малку масло, пропржете ја исечканата сланина, грашокот и додајте зачини. Оставете да се вари додека да омекне грашокот, а на крај додајте и малку сок од лимон.
Во тавата со грашокот додајте ја сварената таста и смесата со босилек. Промешајте и оставете да се крчка, додајте малку од течноста од тестенините, додајте павлака за готвење и исечкан магдонос.