Тетовецот Алберт Руфати на синот му го дал името УЧК во спомен на своето војување прво во Косово, а потоа и во Македонија, објави порталот на албански јазик „Инсајдери“.
Како што е наведено во текстот, Руфати како 17-годишник заминал да се бори во редовите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), па се вратил во Тетово и доброволно се пријавил за обезбедување помош за Косово. По војната таму, тој стапил во Ослободителната национална армија (ОНА) и се борел против македонските безбедносни сили.