Вулканот, кој веќе долго време е во мирување, еруптираше во Исланд и продолжува да привлекува маса на луѓе.
Додека ерупција на вулкан во некои други делови на планетата значи задолжителна евакуација, овој вулкан има спротивен ефект врз луѓето.
Сместен е на полуостровот Рејкјанес, на околу 40 километри од Рејкјавик.
Во претходните 800 години не е забележана ерупција во таа област, пишува АП.
Содржината продолжува после огласот
Лавата прво започнала да тече од вулканот во петокот вечерта, откако во последните неколку недели беа регистрирани десетици илјади земјотреси во областа.