Сообраќајката се случила утрово на кртосницата кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје. Возач со автомобил марка „Сеат“ се забил во улична светилка и излетал на паркингот, потврдуваат од МВР.
Во несреќата две лица се здобиле со повреди. Иако засега официјално не е познато за какви повреди се работи, дел од медиумите јавуваат дека во несреќата се повредени мајка и нејзиното бебе.