Тешко повреден градежен работник во Скопје.
Како што соопшти полицијата во дневниот билтен вчера во 11.54 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил со тешки телесни повреди бил донесен С.Л.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на подрачјето на Карпош.
Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.