Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ го освои пехарот во Аделаиде со победата против Себастијан Кодра во финалето, но во текот на првите два сета беше ептен нервозен и го избрка брат му од трибините.
Ѓоковиќ по натпреварот му честиташе на ривалот, а притоа му се извини на неговиот брат и екипата затоа што го трпат кога е нервозен.
„Се надевам дека уживавте во шоуто. Кодра е неверојатен тенисер, треба да продолжи во исто темпо. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим што ме трпи и ме толерира. Сигурен сум дека не беше лесно денеска ниту за мојот брат. Марко беше тука да ме гледа, ти благодарам што дојде, те сакам“, кажа Ѓоковиќ.