За трговија со дрога и оружје се апсат осомничени лица во чии домови, а и на други места утрово во Струга влегоа припадници на Тигар, Специјалната антитерористичка единица при МВР.
- Левица: Се крати од ранливите категории за набавка на оружје
- Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот страдаат од дијабетес
- Во Македонија има околу 130 илјади пациенти со дијабетес како и уште половина недијагностицирани
- Стриптизета му роди дете на најголемиот југословенски заводник: Ја донесе Брена на јахта, тој ѝ посвети песна на жената што ја изневерува (фото)
- Велеа дека со него е завршено засекогаш!
Детали за идентитетот на лицата кои се мета на полицијата поради сомнежи за вмешаност во криминал со оружје и дрога, како и тоа дали веќе се познати на органите на прогонот или се лица кои прв пат биле под оперативна обработка и следење на полицијата, ќе следуваат откако ќе заврши акцијата. Како што веќе објавивме утрово во Струга се спроведува голема полициска акција во која специјалците веќе привеле дваесетина криминалци.
Од Министерството за внатрешни работи офоцијално потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.