Тие не поднесуваат деца: Доколку сакате еден ден да бидете мајка, астролозите велат дека треба да ги избегнувате овие 3 хороскопски знаци

И, одеднаш се појавил тој, мажот со којшто сакате да го поминете целиот свој живот и да имате многу деца. Но…
Тоа се многу убави желби, но понекогаш нереални. За жал, не сонува секој маж за тоа да се ожени и да има деца. А, каква врска има тоа со астрологијата?

Имено, се чини дека мажите во овие хороскопски знаци тоа не го сакаат – поради различни причини.

Јарец
Тој единствено ја сака својата работа. На патот до шефовското место едноставно ништо не може да го запре. За убава семејна куќичка и многу деца потребно му е многу време – кое тој го нема (или не сака да го има). Тоа може да го наруши неговиот пат до успехот.

Стрелец
Тој е вистински авантурист и постојано е во акција. Сака низ животот да поминува спонтано и слободно, инаку многу брзо станува несреќен. Се плаши дека поради детето ќе мора да се откаже од својата слобода и повеќе нема да може да биде одговорен само за себе.

Водолија
Тој е слободен и креативен дух којшто со задоволство си поминува убаво во текот на забавите со пријателите и не може да се помири со крутиот концепт на семејството. Се чувствува ограничен во општествените норми и се плаши да ја прифати доживотната одговорност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.