17-годишен навивач на Коринтијанс, признал дека, минатата недела, за време на натпреварот во Копа Либертадорес, одигран во Сан Хозе, Боливија, испукал сигнална ракета, која го усмртила 14-годишното боливиско момче.Тинејџерот, чии лице од разбирливи причини не било снимано, во друштво на својата мајка, низ солзи зборувал за бразилската телевизија.„Мојот живот е завршен, што сега да правам, убив 14-годишно момче“, рекол тинејџерот, а како што навел неговиот адвокат, тој во текот на денот ќе и се предаде на полицијата.Во врска со смртта на момчето, веднаш по натпреварот биле уапсени 12 навивачи на Коринтијанс, кои се наоѓаат во притвор во Боливија.Инаку, тинејџерот кој јавно призна дека ја испукал сигналната ракета нема да биде екстрадиран во Боливија, бидејќи бразилските закони забрануваат екстрадиција на малолетници во друга држава.17-годишниот навивач на Коринтијанс се соочува со тригодишна казна затвор, во затвор за малолетници.Навивачите на Коринтијанс минатата недела истакнаа транспарент во знак на сеќавање на трагично загинатиот Кевин Белтран Еспада.Јужноамериканската фудбалска федерација, минатата недела, го казни Коринтијанс со месеци играње пред празни трибини.Клубот, кој веќе продал 80.000 влезници за натпреварите во Копа Либертадорес ја обжали оваа одлукa.
Макфакс17-годишен навивач на Коринтијанс, признал дека, минатата недела, за време на натпреварот во Копа Либертадорес,