Тинејџерка од Струмица се породила дома, од бебето ни трага ни глас

На 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од Струмичко.
По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.


На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.