Тоа го може само Бекам! Фудбалерот го собра славниот Спајсици, а за тоа имаше посебна причина

Дејвид Бекам ги собра познатите Spice Girls за да ја израдува својата сопруга Викторија и да и го разубави посебен ден.Синоќа, на 20 април, Викторија Бекам го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, на кој нејзиниот сопруг Дејвид Бекам потроши околу 250.000 фунти. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)Пред да започне забавата, славната двојка позираше со четирите деца Бруклин (25), Ромео (21), Круз (19) и Харпер (12) во нивниот дом во западен Лондон вреден 30 милиони фунти.Бекам, како што пренесуваат странските медиуми, не штедел ниту динар за својата сакана, па ѝ приредил специјално изненадување, кои  ни помалку ни повеќе биле членови на некогаш најпопуларната женска група „Спајс“ – во која била и Викторија. View this post on Instagram A post shared by David Beckham (@davidbeckham)Британската група за девојки која беше формирана во 1994 година – ја сочинуваа Викторија Бекам, Мел Би, Мелани Си, Ема Бантон и Гери Халивел.За време на раскошната церемонија, сите пет „Спајс“ се собраа да отпеат една од нивните хит песни „Стоп“ за гостите, додека сè беше снимено пред камера од Дејвид Бекам . Екс-фудбалерот ја задржа насмевката на лицето додека ги снимаше Spice Girls, кои ја изведуваат песната и во исто време покажуваат некои од нивните легендарни танцови потези.

Пронајдете не на следниве мрежи: