Арсенал се бори за титулата во Премиерлигата и има три бодови предност пред Манчестер сити, но ситуацијата можеше да биде поинаква ако не се случеше грешка во ВАР-собата на мечот против Брентфорд (1-1).
Брентфорд постигна гол од офсајд, по што сите очекуваа да биде поништен погодокот, но така не мислеа судиите во ВАР-собата, а тоа ептен го налути тренерот Микел Артета.
„Ги анализиравме доказите и почуствувавме гнев и разочарување, зашто беше јасно дека не станува збор за човечка грешка, туку дека некој не ја разбира својата работа и тоа е неприфатливо. Жал ми е, но тоа ни одзема два бода кои нема да се вратат“, кажа Артета.
Лидерот во Премиерлигата вечерва од 20.30 часот игра против актуелниот првак.