Тома Здравковиќ доби споменик во белградската Скадарлија

Град Белград ја прифати иницијативата која ја поднесе претседателот на Социјалдемократската партија на Србите, Расим Љајиќ во својство на граѓаните, за Тома Здравковиќ да добие споменик во Белград, изјави заменик градоначалникот Горан Весиќ.
По состанокот на кој присуствуваше и претседателот на Градската комисија за споменици и имиња на плоштади и улици, Андреа Радуловиќ, рече дека ќе се донесе одлука на следната седница на Собранието на Градот за поставување спомен обележје што треба да биде во Скадарлија, токму таму каде што пееше последниот пат, објави Беоинфо.
Нагласувајќи дека Здравковиќ е дел од историјата на Белград, Весиќ изјави дека ќе биде распишан конкурс на кој ќе учествува Заводот за заштита на спомениците на културата, имајќи предвид дека Скадарлија е под државна заштита бидејќи припаѓа на културно-историската целина.
При предавањето на иницијативата, Љајиќ посочи дека Тома Здравковиќ е единствен и познат не само во Белград и Србија, туку и во целата област на поранешна Југославија.
– Човек кој го наслика својот живот со музички ноти, додека неговите песни се и денес популарни исто како и кога беа создадени, во секој град од нашата поранешна држава, рече Љајиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.