Серија на неверојатни настани за некогаш најголемата и најмоќна партија во Македонија. Оставки се редат во бесконечен низ. Тоне забрзано бродот на Мицковски кој се покажа како одличен тип на странците да ја урнисаат набрзина ДПМНЕ. Неговото октроирање во Валандово, во отсуство на најголемиот број на делегатите (што беше покриено со статисти на лиферуваните фотографии) се покажа како рецепт за уништување на партијата во корен.
Тие што не дојдоа не ги броеја, но тоа не значи дека не постојат или дека немаат став. Ги помножија со нула членовите, месните комитети, интелектуалците и жртвите за ВМРО, за да го седнат на тронот. И тој наместо да се смири, да се контролира и да почне да работи на стабилизација на партијата започна да се служи со интриги, дворски игри, византиски методи во обид да се прикаже како играч. Но, сето тоа беше можно додека менторите му го тргнат чергичето. Сега се тетерави. Остана сам во „Белата палата“. Фингира партија. Тажно.
Денеска и младинците, кои некогаш беа значаен дел од партијата, столб, започнаа серии на оставки. Сосема е јасно дека не го доживуаат Мицковски како фактор кој може да ја стабилизира партијата, напротив… И овој во обид да се испере преку социјалните мрежи (кои му се опсесија, ама опсесија која што не ја разбира) објави фото, ко демек УМС биле со него. Заборава дека постојат луѓе кои ги знаат или препознаваат ликовите на фотографијата. Па така Светислав на пример нели е од центарот за пропаганда на Иво? М? Или да ги наброиме и другите на фотката кои се всушност и БОТОВИТЕ на социјалните мрежи. Но госн Мицко малку сте, и станувате опскурни, небитни. Подобро ќе беше да не ја лиферувавте оваа фотографија. Барем некои сеуште ќе мислеа дека имаш некого околу тебе. Вака се гледа дека се отишло у неврат.