Членот на извршниот комитет и актер Тони Михајловски, на својот ФБ профил ги прозва „одметнатите“ пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски како „мизерија од луѓе“ и мажи „без тестиси“ кои откако го наместиле македонскиот народ сега и го продадоа за тендери и слобода.
-Крсто Муковски и Сашо Василевски ги отворија вратите затоа што немаа тестиси да ја завршат работата која беше нивна должност, а тоа е да го спречат нелегитимното бирање на Џафери. Па го наместија чесниот македонски народ да влезе и да биде осуден како крвожеден. И сега тие двајца кукавици со целофански срца, помали од кокошкини, ќе се извлечат и ќе лапаат тендери до крајот на своите бедни животи. Мизерија од луѓе.
Заради нив, и отпадниците кои се договорија, утре би излегол на избори. Само, и само да им престане мандатот како пратеници во Парламентот – пишува Михајловски на својот ФБ профил.