Топ 5 мистериозни ФБИ случаи

Федералното Биро за Истрага (ФБИ) е одговорно за разрешување на најозлогласените  криминални случаи низ годините, од времето на нивното постоење. Нивниот приоритет е заштита на Американските граѓани од многу терористички напади.
Купер                                                                                                      
 Мистеријата за Д. Б. Купер стана еден од најлегендарните случаи на ФБИ. Во 1971 година, Купер избега од Northwest Airplane со 200 000 долари откупени пари и никогаш повеќе не беше виден. Името што го употребил во текот на летот во авионот било Дан Купер, без сомневање за тоа дека е лажна идентификација. Неговата озлогласеност се зголемила бидејќи избегнал апсење од ФБИ во текот на годините и остана на слобода засекогаш.
Антракс напади
Нападите на антракс започнаа на 18 септември 2001, само неколку дена по нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември. Писмата кои содржеа антракс беа постирани како вести на неколку медиуми и два демократски сенатори. Бизарната пошта повреди 17 луѓе кои дојдоа до контакт со содржината и ја предизвика смртта на петмина. Тоа беше седум години пред ФБИ да го насочи нивното внимание врз Брус Едвардс Ајвинс, научник кој работел во биолаботориите на владата во Мериленд. За време на неговото гонење, Ајвинс се самоуби со преголема доза на ацетаминофен. ФБИ официјано го затвори случајот, прогласувајќи го за виновен.
Исчезнувањето на Џим Хофа.
Поранешниот претседател на Teamsters ( меѓународно братство на возачите на камиони),кој поседувал со еден од најголемите синдикати во Америка, исчезнал во 1975 година и никогаш повеќе не бил виден. Тој бил обвинет за подмитување на жири, обид за поткуп и измама во 1964 година, затворен во 1967 година и ослободен во 1971 година. По неговото ослободување претседателот на Америка Ричард Хофман ја блокирал секоја работна негова активност до 1980 година. На денот на неговото исчезнување Хофа се сретнал со двјца лидери од мафијата. ФБИ истрагата беше без никакви докази и легално беше прогласен за мртов во 1982 година.
Случајот за осакатените животни
Во еден период во 1970 година, истрага беше покрената поради неколку различни осакатувања на животни. Наскоро почнаа да се шират вести дека НЛО е одговорно за оваа ситуација. Другите теории беа од типот на сатански култови, природни предатори и дури и некои непознати владини агенции. Една работа останува сигурна: овој случај на осакататени животни никогаш не беше решен и останува мистерија до денес.
Осама Бин Ладен
Човекот одговорен за нападот врз Америка на 11 септември 2001 година стана голем злочин. Иако тој бече брз да се открие себе си веднаш по терористичкиот напад, тој успеа да се спаси од апсење. Тој беше на врвот на најпосакувани криминалци. Основачот на Ал – Каеда често праќаше видеа на кои објавуваше повеќе терористички акти. ФБИ веруваше дека се крие на границата помеѓу Авганистан и Пакистан. Но, со неговата смрт од мината година, еден криминалец помалку на ФБИ листата.Федералното Биро за Истрага (ФБИ) е одговорно за разрешување на најозлогласените  криминални случаи низ годините,

Пронајдете не на следниве мрежи: