ТОП 5 РАБОТИ ВО КОИ СИТЕ ВЕРУВАМЕ, НО НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ДОКАЖАНИ! Што се случува со овие делови од телото кога ќе умреме?

Кој всушност ја открил Америка?

Првата асоцијација на ова прашање е Кристофер Колумбо. Сигурно сте слушнале „Браво Колумбо, ја откри Америка“! Но, кому навистина му припаѓаат овие заслуги? Првиот човек што стапнал на тлото на американскиот континент е скандинавскиот авантурист Леиф Ериксон, кој во 10 век, околу 500 години пред Колумбо, ја открил територијата што денес ја нарекуваме Њу Фаундленд.

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва кај Долно Лисиче на патот кон Драчево
Тешка сообраќајка се случи вечерва во Долно Лисиче. Во сообраќајната несреќа учествуваа камион и автомобил, а причинета е и голема материјална штета. Полициски службеници се на лице место во моментов, а …
Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД
Русија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег откако САД го забранија увозот на руски ураниум. …

Дали витаминот Ц лечи настинки?

Кога настинуваме, првото нешто што правиме е користиме храна богата со витамин Ц, но дали навистина лечи настинки? Резултатите од многу студии и истражувања покажаа дека витаминот Ц може да го намали времетраењето на симптомите на настинка и грип кај возрасни и деца, но нема моќ да ја намали сериозноста на симптомите на настинката. Така, витаминот Ц не ја спречува или лекува настинката.

Дали постои можност Кинескиот Ѕид да се види од вселената?

Приказната дека Кинескиот Ѕид е единствената градба на Земјата што е видлива од вселената, па дури и Месечината, иако повеќе пати беше побивана со докази, остана како таква до ден-денес. Претпоставките дека оваа светска знаменитост во Кина може да се види од вселената датираат од 19 и 20 век, а всушност оваа зграда е едвај видлива дури и од ниската орбита на Земјата.

Дали сушито навистина е направено од сирова риба?

Повеќето луѓе мислат дека ова најпознато јадење на јапонската кујна и традиција е исклучиво сирова риба. Можеби е омилена состојка на мајсторите за суши, но тоа не значи дека нема суши без сирова риба. Ова јадење е измислено во Кина во 7 век, но до денес многу пати го менувало својот облик, состав и намена.

Што се случува со косата и ноктите после смртта?

Постои популарно верување дека косата и ноктите на починато лице растат. Овој факт е само оптичка илузија предизвикана од сушење и влечење на кожата по смртта. Вистинскиот раст на косата и ноктите бара интеракција на хормоните, што не е можно по смртта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.