Топчиња од ослиќ со просо и блитва – рецепт за оброк полн со магнезиум

Предлог за здрав оброк кој ќе ви обезбеди многу магнезиум.

Состојки
200 гр филе ослиќ
1 лажица јаболков оцет (8 g)
1 лажичка сол
1 чешне лук
12 гр лебни трошки
4 јајца
1 кафена лажичка зачини
1 лажичка маслиново масло
35 грама полутврдо сирење (гауда)
масло за пржење

Прилог
200 грама каша од просо
1 лажичка сол
200 гр блитва
2 супени лажици маслиново масло
четвртина од лажичка гранулиран лук
1 кафена лажичка зачини
четвртина лажичка мелен бибер

Подготовка
Од смесата обликувајте топчиња со големина на орев, извалкајте ги во лебни трошки и пржете ги на масло.
Сварете ја кашата од просо во солена вода и исцедете ја.

За гарнир, на загреано маслиново масло во тавче ставете исечкана блитва. Додадете кромид, сварено просо, зачини и црн пипер. Загрејте додека нежно мешате за да се соединат состојките.
Благодарение на просото и блитвата, ваквиот оброк е богат со магнезиум кој му е потребен на нашето тело за силни мускули и силни коски. Магнезиумот може да се најде и во семките и јаткастите плодови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.