Топчиња со компир и туна

Состојки
500 гр. излупен компир
320 гр. туна од конзерва
1 јајце
30 гр. пармезан
попотреба босилок, сол и црн пипер
80 гр. презла + по потреба за увалкување
попотреба масло за пржење

Подготовка:
1. Компирите сварете ги, испасирајте ги со вилушка и оставте ги да се оладат малку. Во садот со компирите додајте ги туната, јајцето, презлата, босилокот, пармезанот, солта и црниот пипер и размешајте ја убаво смесата.
2. Од смесата формитајте топчиња, измешајте ги во презла и пржете ги во врело масло за јадење додека не заруменат.
На здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.