Многу жени чуствуваат фрустрација кога нивниот партнер не им искажува љубов и приврзаност во врската.
Меѓутоа мажите имаат многу поинаква психолошка структура од жените. Жените се по природа многу поекспресивни од мажите. Мажите од друга страна, се похрабри во прикажувањето на нивните дела, во однос на изразувањето љубов со зборови.Тој е заљубен во вас иако не ви го кажува тоа, само доколку ги прави овие 10 работи:
1. Ве запознал со неговото семејство и пријателите
Кога тој ќе започне горделиво да ве прикажува на неговото семејство и пријателите, тоа е знак дека ве сака и дека има сериозни намери кон вас.
2. Константно одржува контакт со вас
Доколку партнерот ве бара само за да ве праша што правите , тоа е знак дека тој постојано размислува за вас.
3. Физички ви е близок
Тој ве сака доколку е среќен само затоа што ви ја држи раката. Неговите намери да остане физички близок со вас е јасен знак дека тој е заљубен.
4. Подготвен е на компромис
Кога мажот е заљубен, тој сака да ја усреќи својата жена. Дури иако тоа понекогаш значи да ги жртвува свите интереси за доброто на врската.
5. Тој навистина ве слуша
Кога мажот се сеќава на малите детали за вас, како омилената чоколада или омилен филм, тоа е знак дека ве слуша затоа што ве цени и се грижи за вас.
6. Ве прашува за совет
Доколку вашиот партнер во вас гледа иден брачен сопатник ќе го цени вашето мислење многу сериозно.
7. Го рефлектира вашиот говор на тело и однесување
Кога сме заљубени во некого имаме тенденција потсвесно да ги дуплицираме неговите гестикулации и однесување.
8. Размислува многу за подарокот којшто ќе ви го подари
Без оглед дали тоа е подарок што сте го сакале отсекогаш или некое место коешто сте рекле дека сакате да го посетите. Мажот којшто ве сака ќе се обиде да ви даде нешто што на вас ви е многу важно.
9. Неговата фацијална експресија изразува среќа и задоволство веднаш после бакнежот
10. Ве почитува вас, вашите желби и вашите животни сфаќања
Една врска ќе биде сосема неуспешна доколку партнерите немаат заеднички сфаќања и меѓусебно разбирање. Доколку партнерот ги разбира и почитува вашите одлуки, цели и желби тој навистина е заљубен во вас.