Ги знаете оние фази кога некој ви се допаѓа, па ја замислувате таа личност во вашата иднина и љубовната приказна од вашите соништа, а потоа сето тоа исчезнува, како балон од сапуница?
Барате оправдување, барате од пријателите да ве охрабрат да верувате дека тој едноставно се плаши да ви признае сè, затоа што сте толку силна и храбра, паметна жена, и тој едноставно се двоуми. Сè уште чекате и на крајот, како и секоја храбра жена, го правите првиот чекор и му признавате дека ви се допаѓа. Во тој момент, неговиот одговор е сè што не сте очекувале и гласи: „Ти си мила, убава и паметна девојка, но јас едноставно не те гледам со тие очи“. Што во превод едноставно значи дека не го привлекувате.
Не го привлекувате и што сега? Сите ќе ви речат дека тој не вреди и дека не ве заслужува. И тоа е апсолутна вистина, вие сте убава и достојна девојка за сечие внимание, само едноставно природно е што не може на секој од нас да ни се допадне личноста на која и се допаѓаме ние, и тој поради тоа не е лошо момче, едноставно не сте негов тип.
Во овие ситуации, можеби е вистинско време да ја смените својата перспектива. Вие двајца одлично се согласувате, но хемијата очигледно не го сторила своето, па и покрај сето тоа, тој избра да биде искрен и да не ви ја продолжува агонијата на фантазирање.
Во моментот кога ќе ја надминеме повредената суета и ќе се помириме дека личноста која ја сакаме, не го чуствува истото за нас, кога ќе пукне балонот од сапуница и ќе почнеме да гледаме на сè повеќе или помалку реално, ризикуваме да ја изгубиме самодовербата. Во тој случај, мора да си кажете само една работа: Во ред е да не го привлекувам, но јас сум тоа што сум, уживам и не сакам да менувам ништо.
Важно е да научите да се справувате со тој искрен коментар, што можеби не звучи многу убаво. Вистината понекогаш е болна, но спречува живот во заблуда. И најважно од сè, само затоа што не го привлекувате, не значи дека не сте убави, доволно привлечни, духовити или паметни, туку дека нема доволно хемија, тензија и флерт меѓу вас. Не се гледате еден со друг со исти очи и тоа е сосема во ред. Вие сте сè уште прекрасна млада жена, полна со квалитети, која многу други очи ја гледаат баш онака како што треба да биде видена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.