Трагедија во Куманово: Еден полицаец загина, друг се бори за живот, повредени и други лица

Полицаец загина, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника по хорор сцена која синоќа се случила во Куманово, дознава “Курир“.
45 минути по полноќ, на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишен полицаец В.Ц. и А.М. кој е 25-годишен кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дознава “Курир“.
С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).
Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.
С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Извор: Курир.mk

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.