На 04.05.2019 година во 01,30 часот во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево било пријавено дека во куќата на Н.П.(29) биле повикани за укажување лекарска помош, откако таа во домашни услови се породила и по нејзино кажување, бебето се родило живо, но по кратко време починало, дознава Centar.mk.
Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обукција.
Се работи на расчистување на случајот.