Трагедија во прилепско откако две новороденчиња, близначиња, стари 15 дена починале вчера. Едното дома во село Славеј, а другото во болница.
Дежурниот јавен обвинител од ОЈО Прилеп, Стевчо Биноски, изјави дека денес ќе се врши обдукција врз телата на починатите новороденчиња за да се утврди причината за смртта.
Од она што досега се знае родителите на новороденчињата викнале брза помош која на лице место констатирала смрт кај едното новороденче, а другото во многу тешка состојба било однесено во болница, каде што починало, по што била известена полицијата и обвинителството, при што е започната истрага.
Родителите на новороденчињата, живееле во екстремно тешки услови за живот и претходно имале три малолетни деца. Од Центарот за социјални работи велат дека откако биле инфирмирани ги презеле законските мерки. Родителите земале родителски додаток за трето дете.
Истрагата за случајот е во тек.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.