Ебубекир Сулејмани и неговата сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години, го загубија животот во стравична сообраќајка на автопат во Италија, додека нивното шестмесечно бебе кое било на задното седиште, останало живо.
Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пјаченца-Торино, во провинцијата Павија, јавува Журнал.
Un grave incidente questa mattina sull’autostrada A21, nell’Oltrepò Pavese. Un’auto si è schiantata contro un tir. Illeso un neonato, morti i due giovani genitori. pic.twitter.com/J9N8P2Qxjg
— Tg3 (@Tg3web) June 11, 2019
Според медиумот возилото со кое патувал парот од скопската населба Методија Андонов- Ченто, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, удриле во камион паркиран на обележано место за паркинг на автопатот.
Инаку, парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се случила кога се враќале кон Франција.
Според италијанската полиција, причина за несреќата била премореноста на возачот.