Трагедија на Нијагарините водопади: Дете паднало во реката, мајката со бебе скокнала по него

Трагедијата се случила во понеделникот вечерта. Полицијата добила повик околу 21 часот. Инспекторите утврдиле дека Кијанти Минс (33) и нејзините две деца на возраст од девет години и пет месеци загинале.Утврдено е дека ја прескокнале заштитната ограда на островот Луна и се приближиле до водопадите.Полицијата верува дека детето (9) прво скокнало, а потоа мајката се фрлила со бебето.Се претпоставува дека детето намерно скокнало, но полицијата се уште ги истражува сите околности на овој настан.И покрај брзата реакција на надлежните, мајката и децата не можеле да се спасат.Полицијата сега се обидува да утврди што се случило во деновите пред скокот.Како што соопштија надлежните, пронајдено е возилото на мајката во кое имало лични работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: