Фудбалерот на Панатинаикос и грчката репрезентација Џорџ Баладок е пронајден мртов вечерва во базен во својот дом во Атина, пренесуваат грчките медиуми
Баладок бил пронајден под вода и веќе било доцна да се спаси. Деталите за трагедијата се уште не се познати.
31-годишниот фудбалер летово се пресели во Атина откако стана играч на Панатинаикос. Роден е во Англија каде што го помина и целиот живот, а за грчката репрезентација почна да настапува во 2022 година благодарение на неговата баба која била Гркинка.
Кариерата ја започна во Милтон Кејнс Донс, а помина и седум години во Шефилд за кој одигра 83 натпревари. Дресот на репрезентацијата на Грција го носеше на 12 натпревари.