Трагедијата на Драгутин од Крагуевац: “Ми уби сè, а утрото беа толку радосни“

Целиот свет на Драгутин Пешиќ се сруши во само еден миг. Во сообраќајната несреќа кај клучката за Пожаревац, на автопатот Ниш-Белград му загинаа синот Александар Пешиќ (42), сопругата Станица (75) и осумгодишните близнаци Вук и Наум. Пред два дена тие со својот “Цитроен“ тргнале на одмор, кога на нив налетал автомобил марка “Фолксваген Шаран“, зад чиј волан бил финскиот државјанин Адем Смаил (49), наводно Албанец од Косово.
Новинарите на српски “Курир“ го посетиле домот на Драгутин во Крагуевац. Едвај стоејќи на нозе тој раскажал:

Zadržan u pritvoru... Adem Smail, vozač „šarana“

-Ги испратив на пат. Колку беа весели, децата скокаа, се радуваа…Каква е оваа трагедија, што е ова? Сè e завршено. Што ќе правам, како?, раскажал дедото. Веста за сообраќајката ја видел на телевизија.
-Видов црвен автомобил, исечен на парчиња. Ми се виде познат. Викнав полиција, ми кажаа дека тројцата загинале на лице место, а едното дете е префрлено во Белград, додал Драган.
Но, веста дека и вториот внук им подлегнал на повредите го докрајчила.
-Размислував за тој што ја предизвика сообраќајката. Ќе го тужам! Ми уби сè. Тоа ми е обврска како дедо, татко, сопруг, рекол Драгутин.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.