Трамп веќе почна да ја определува својата политика кон Израел и Украина

Доналд Трамп веќе почна да ја одредува својата политика кон Украина и Израел, иако до инаугурацијата остануваат уште два месеци, пренесува Блумберг.
„Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата само за два месеци, но тој веќе ја формулира американската политика кога станува збор за две клучни жаришта – Израел и Украина“, наведува агенцијата.

По неговиот избор, промените во перцепцијата на светот се особено изразени во Украина, се наведува во написот, потсетувајќи дека републиканецот ветил дека ќе го реши украинското прашање во рок од еден ден.
Затоа Владимир Зеленски веќе се обидува да си обезбеди најдобри услови за себе, наведува агенцијата.

Од победата на Трамп, како што истакнува, најголема корист ќе има Израел.
„Трамп веќе јасно стави до знаење дека ќе му даде на Израел поголема слобода да ја нападне иранската нуклеарна програма, особено ако Техеран навести дека може да ја промени својата политика и сака да поседува нуклеарно оружје“, наведуваат авторите на написот.

Пронајдете не на следниве мрежи: