Дел од кампањските ветувања на поранешниот претседател ДоналдТрамп е укинување на данокот на доход за Американците кои живеат во странство.
-Поддржувам укинување на двојното оданочување на Американците во странство, изјави Трамп, пренесија некои американски медиуми.
Американците кои живеат во странство имаат даночни обврски и кон САД и кон земјата во која живеат, иако даночните закони на САД имаат можности за ублажување на тие двојни обврски. На пример, сите годишни приходи до 126.500 долари не се оданочуваат. Двојниот данок, што занчи да се плаќа данок на доход и на земјата каде живеат и на САД, важи за оние Американци кои заработуваат повеќе од тоа.
Предлогот на Трамп би можел да го намали тој даночен товар и да го олесни преселувањето на побогатите Американци во странство, соопшто денеска „Волстрит журнал“.