Трамп побара од Врховниот суд да не му го одзема претседателскиот имунитет


Доколку Врховниот суд не донесе одлука против Трамп, голема е веројатноста тој да биде противкандидат на актуелниот демократски претседател Џо Бајден на изборите во ноември

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд на САД да ја суспендира одлуката на понискиот суд за одземање на неговиот претседателски имунитет од гонење.

Трамп во неговиот случај за мешање во изборите тврдеше дека не може да му се суди за дела за кои рече дека спаѓаат во неговите должности како претседател.

Тројца судии од пониски судови не се согласија, пресудувајќи минатата недела дека тој може да биде кривично гонет како и секој друг граѓанин.

Очекувајќи да поднесе жалба, тие му дадоа рок до понеделник да поднесе барање за одложување.

Во својот поднесок кој денеска го достави до судот, Трамп побара од највисокиот суд во САД да ја одложи одлуката на понискиот окружен суд додека тој не поднесе жалба. Тој, исто така, посочи дека би можел да побара сослушување en bank – барајќи одложување за да може да побара од сите судии на окружниот суд повторно да го сослушаат случајот.

Следниот чекор, во кој Врховниот суд наклонет кон конзервативците ќе го одобри или отфрли барањето на Трамп за одложување, може да дојде брзо.

Адвокатите на Трамп бараат од Врховниот суд да не му го одзема претседателскиот имунитет за „да ги заштити правата на десетици милиони Американци кои сакаат да гласаат за Трамп за претседател“.

Доколку Врховниот суд не донесе одлука против Трамп, голема е веројатноста тој да биде противкандидат на актуелниот демократски претседател Џо Бајден на изборите во ноември.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: