„Денот кога заминав ја имавме најбезбедната граница во историјата на нашата земја. Не требаше да заминам…“, рече меѓу другото Трамп за време на митингот во Литиц, Пенсилванија, пренесе Си-Ен-Ен.
Трамп одлучи денеска да ја посети уште еднаш Пенсилванија, два дена пред претседателските избори во САД, бидејќи тоа е многу важно.
Тешко е да се освои Белата куќа без Пенсилванија, која има најмногу електорски гласови од сите неопределени држави, потсетува Си-Ен-Ен.
Пенсилванија, со 19 електорски гласови, е една од најпосетуваните држави од претседателските кандидати. Тоа беше една од последните држави што ги објави резултатите од гласањето во 2020 година, четири дена по изборите.