Компанијата Мајкрософт наводно преговара за купување на кинеската видео апликација ТикТок откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ја разгледува можноста да ја забрани апликацијата во САД.
ТикТок е во сопственост на кинеската интернет компанија БејтДенс, чија вредност се проценува на 100 милијарди долари. Според американската администрација видео апликацијата претставува закана за националната безбедност.
Администрацијата на Трамп планира да и нареди на БејтДенс да го отуѓи американскиот имот што го стекна во 2017 година, што подоцна е припен кон ТикТок.
Администрацијата на Трамп разгледува и други потенцијални акции против БејтДенс, вклучително и додавање на кинеската фирма на така наречената „ентитетска листа“, која ги спречува странските компании да купуваат американски производи и услуги без посебна лиценца.