Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку 78 лица, е предизвикана од „некој вид бомба“.
– Се сретнав со некои од нашите големи генерали и изгледа дека тие мислат дека тоа не е настан предизвикан од некаква фабричка експлозија … Се чини дека тие мислат дека станува збор за напад. Тоа било еден вид бомба, рече Трамп.
Неколку либански официјални лица претходно изјавија дека експлозијата во магацин во пристаништето во Бејрут најверојатно била предизвикана од 2.750 тони амонијак, кој таму се чувал неколку години без безбедносни регулативи.