Трамп со предупредување до Анкара ги штити Курдите во Сирија

Претседателот на САД, Доналд Трамп предупреди дека САД “економски ќе ја уништат Турција“ доколку Анкара ги нападне курдските сили во Сирија. Турција, пак, се закани дека ќе ги нападне овие американски сојузници кои потпомогнати од Вашингтон се борат против исламската држава. Анкара на нив гледа како на терористи.
Со порака на Твитер Трамп ги предупредува курдските сили да не ја провоцираат Турција. Тој, исто така, соопшти дека започнало долго повлекување на американските сили од Сирија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.