Трамп тврди дека Зеленски е „најдобриот продавач во историјата“ и објасни зошто!

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака неговата демократска ривалка Камала Харис да победи на изборите во ноември.

„Мислам дека Зеленски е најдобриот продавач во историјата“, рече поранешниот претседател на митинг во Пенсилванија, сојузна држава која може да биде одлучувачка на изборите.

Зеленски, исто така, беше во Пенсилванија во неделата, и ја посети фабрика за муниција во Скрентон, Пенсилванија, како дел од пошироката турнеја за зајакнување на американската поддршка во борбата против руската агресија.

„Секогаш кога ќе дојде во земјава си заминува со 60 милијарди долари. Тој многу сака тие (демократите) да победат на изборите, но јас би го направил тоа поинаку, ќе работам за мир“, рече Трамп.

Републиканецот постојано тврдеше дека ќе може да преговара за крај на конфликтот, но не откри како ќе го направи тоа и не сакаше јасно да каже дали сака Украина да ја победи Русија. Тој се закани и дека ќе ја прекине американската помош за Киев, пишува агенцијата Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи: