ТРАНСНИСТРИЈА ПРЕД ЕКСПЛОЗИЈА И ОТВОРЕН КОНФЛИКТ: По молкот се огласи и Москва! Знаеме за планот за инвазија

Тензијата во Приднестровје е се поголема и поголема.

Додека украинската армија се приближува кон границата на оваа област чувана од контингент од 1.500 руски војници од двете најголеми воени магацини во источна Европа, по неколкудневен молк, соопштение се огласи и Министерството за одбрана на Руската Федерација.

ТРАНСНИСТРИЈА ПРЕД ЕКСПЛОЗИЈА И ОТВОРЕН КОНФЛИКТ: По молкот се огласи и Москва! Знаеме за планот за инвазија
ТРАНСНИСТРИЈА ПРЕД ЕКСПЛОЗИЈА И ОТВОРЕН КОНФЛИКТ: По молкот се огласи и Москва! Знаеме за планот за инвазија

„Во блиска иднина режимот во Киев подготвува вооружена провокација против Придњестровје Република Молдавија, која ќе ја изведат единици на вооружените сили на Украина, вклучително и националистичката формација „Азов“. Како изговор за инвазијата, планирана е наводна офанзива на руските војници од територијата на Придњестровје. За да го направат тоа, украинските диверзанти кои учествуваат во инсценираната инвазија ќе бидат облечени во униформи на вооружените сили на Руската Федерација.

Министерството за одбрана на Русија внимателно ја следи ситуацијата на границата меѓу Украина и Придњестровско Молдавска Република и е подготвено да одговори на секоја промена на ситуацијата, се вели во соопштението.

ТРАНСНИСТРИЈА ПРЕД ЕКСПЛОЗИЈА И ОТВОРЕН КОНФЛИКТ: По молкот се огласи и Москва! Знаеме за планот за инвазија

Од друга страна, рускиот воен аналитичар Јуриј Подољака изјави дека има сознанија и оти Киев подготвува напад врз Придњестровје и му се обрати на молдавскиот народ со порака дека претседателката Маја Санду ги вовлекува во војна со Русија, како и дека Приднестровје ќе бидат нападнати од двете страни и од молдавската и од украинската страна.

Неговата проценка е дека силите таму од 5.000 луѓе ќе можат да издржат најмногу до три дена и дека, гледајќи ја ситуацијата на теренот во Придњестровје, нема шанси да се отцепат.

„Но, кога руската армија ќе ја ослободи Одеса, ќе се врати и во Тираспол и Кишињев. Само имајте го тоа на ум“, рече Подољак, Украинец кој пребегна на руската страна долго пред да започне инвазијата.

Лидерот на проруската опозиција и поранешен претседател на Молдавија, Игор Додон, инаку лидер на Социјалистичката партија, изјави дека секој чекор на Украина кон Придњестровје ќе биде акт на агресија врз Молдавија.

Инаку, поранешниот советник на Володимир Зеленски, Алексеј Арсетович, изјави дека украинската армија ќе го окупира Придњестровје за два до три дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.