Трајановски: Набавени се адитиви за работа на ниски температури, патот Кичево-Охрид ќе се асфалтира и преку зима

Директорот на Јавното претпријатие за држави патишта Коце Трајановски денеска изјави дека зимските услови наредните месеци нема да бидат пречка да продолжи асфалтирањето на патот Кичево – Охрид и на делницата Страцин кон Длабочица, бидејќи компаниите кои работат на нив набавиле специјални адиви за асфалтирање на ниски температури.

„Целта е овој автопат да биде пуштен во употреба пред летната сезона, ако не во двата правци, тогаш барем едниот да биде во функција дотогаш, изјави Трајановски.

Тој денеска во Штип рече дека градежната сезона на овие делници нема да биде во застој од ноември до март.

„Ќе се употребува на делницата Кичево – Охрид, набавен е адитивот. Таму има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден – Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’ со своја механизација или пак со други компании. Со тоа ќе овозможиме тој пат Кичево – Охрид побрзо пред летната сеозона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај“, изјави Трајановски и додаде дека ваквите адитиви масовно се употребуваат во западноевропските земји, пред се во Германија, Норвешка, Шведска.

Пронајдете не на следниве мрежи: