На прашање на Васко Ефтов во емисијата “Во Центар”, за тоа какво возило вози Трајко Славески кој е моментален претседател на Советот во град Скопје, одговори дека дошол со пежо, но потоа призна дека во неговиот имотен лист навел и ауди а6 модел од 2019-та година.
Трајко Славевски со 30 години кариера, без забележителни моменти, без некакво посебно сеќавање за некакво дело во таа кариера…
Талат Славевски како што го нарече Данела. И со тоа го извади од рамнотежа, се сега Васко Ефтов да го извади од кондури. Во емисијата која што ќе ја најдете подолу можете да видите како КОНФОРМИЗМОТ исчезнува и се појавува црвенило на обравчињата и челото се заросува…
– Возам ауди а6, моделот од 2019, купен во април 2019 година, рече Славески, на што Ефтов му порача дали тоа го купил со професорска плата, на што Славески рече дека бил професор на економски факултет веќе 30 години, а неговата сопруга била регионален директор во Стопанска Банка АД Скопје.
– Јас не сум хипокрит. Јас не сум тој што кажува дека немам сопствен стан, немам свој автомобил, возам тико или слично, а си на крајот на работнот век. Ќе кажам на македонските граѓани, јас мислам дека ние како семејство сме го оствариле македонскиот сон. Ако има американски сон, ние сме го оствариле македонскиот сон, рече Славески во емисијата “Во Центар” на Васко Ефтов.
Според имотниот лист на Славески, возилото ауди е со вредност од 3.000.000 денари, односно моменталната вредност би била околу 48.000 евра, додека пак според кратко истражување ново од салон е над 70.000 евра, и тоа основната верзија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.