Од утре граѓаните новите цени на горивата ќе ги дознаваат на бензиските станици. Договорот со “Хеленик петролеум“, според кој Регулаторната комисија ги утврдуваше цените на дериватите истече, а новата регулатива по која во иднина ќе треба да се одредуваат цените заглави во собраниските лавиринти.
Постоечката методологија од полноќ престанува да важи. Сѐ додека не се донесе новата методологија, трговците со нафтени деривати имаат право самите да си ги формираат продажните цени на нивните бензиски станици.
Единствено на што се надеваат од РКЕ е дека нема да дојде до ценовни шокови. Од таму апелираат цената на горивата да остане во рамките на движењето на светската берза.