ТРЕВОГА ВО БРИТАНИЈА: Пресретнат авион од Кенија, следен од француски ловци

Британските воздухопловни сили пресретнаа кениски авион придружуван од француски борбени авиони.

Британските воздухопловни сили пресретнале авион од Кенија кој бил придружуван од француски борбени авиони, пишува „Скај њуз“. Авионот „Боинг 787“ бил пренасочен околу 15 часот и 45 минути и цело време бил следен од француски борбени авиони.

ТРЕВОГА ВО БРИТАНИЈА: Пресретнат авион од Кенија, следен од француски ловци

Полицијата во Есекс била повикана на аеродромот и авионот безбедно слетал. Портпаролот на полицијата накратко изјави дека сите полициски сили го следат инцидентот на аеродромот Стенстед.

Британскиот министер за одбрана рече дека борбените авиони го придружувале комерцијалниот лет како мерка на претпазливост. Тој додаде дека авионот бил во контакт со контролорите на летот за време на летот, од моментот кога бил пренасочен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.