Расте бројот на татковци во Србија кои, во последниве неколку години, одат на породилно отсуство.
Секретарката за социјална заштита на Белград, Наташа Станисављевиќ, изјави дека 132 татковци лани го оствариле правото на породилно отсуство.
Таа за РТС истакна дека податоците од минатите години говорат дека остварувањето на ова право на татковците е во пораст.
Како што наведува, во 2017 година 79 татковци оствариле право на породилно отсиство, а една година претходно истото право го оствариле само 69 татковци.
За да се оствари тоа право во Србија, ресорната секретарка појасни дека таткото и мајката мора да бидат во работен однос. Исто така, процедурата е иста, за породилно отсуство да го остварува мајката или таткото.