ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД: Бензините поскапуваат од полноќ

Регулаторна комисијата за енергетика донесе одлука за новата цена на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Трета недела по ред цените на бензините се зголемуваат, додека од полноќ дизелот ќе се продава по досегашната цена.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,843 ден/кг..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.