Третата жртва на Бостонскиот маратон е кинески државјанин

Третото лице кои загина во понеделникот во двете експлозии пред целта на Бостонскиот маратон е кинески државјанин чиј идентитет по барање на семејството не обелоденет,објави кинескиот конзулат во Њујорк.По Мартин Ричардс, осумгодишникот кој со целото семејство дошол да го гледа маратонот во кој учествувал и татко му службеник во градската администрација на Бостон, идентификувани се и другите жртви од нападот. Станува збор за 29-годишната Кристл Кемпбел од градот Медфорд и кинескиот државјанин, дипломец на универзитетот во Бостон чиешто име не е соопштено по барање на семејството.Организаторите на Бостонскиот маратон објавија во вторникот навечер дека следната година имаат намера да го организираат неговото 118-то издание, и покрај терористичкиот напад во близина на целта на трката во која се убиени три а ранети се 183, од кои 23 се во критична и 40 се во тешка состојба.
МакфаксТретото лице кои загина во понеделникот во двете експлозии пред целта на Бостонскиот маратон е кинески државјанин чиј

Пронајдете не на следниве мрежи: